И покрај ниските температури Германските земјоделци веќе втора недела ги продолжуваат масовните протести, блокирајки неколку градови меѓу кои и главниот град Берлин каде што илјадници земјоделци со своите трактори во конвои стигнаа до познатата Браденбуршка порта.
Во обид да ги смири протестите Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер излезе пред огорчените земјоделци да одржи говор, но наиде на свиркање откако кажа дека “Не може да вети поголема помош од федералниот буџет” но дека “Ќе се борат заедно да земјоделците имаат поголема слобода и почит за својата работа”.
Синдикалниот лидер рече дека доаѓањето на Линднер пред земјоделците е за почит, но дека тоа не ги решава нивните проблеми и тешката ситуација во која се наоѓаат Германските земјоделци.
Зошто земјоделците протестираат ?
Германската влада поради буџетски кратења донесе одлука да ги укине даночните олеснувања кои земјоделците ги имаа во поглед на купување на поефтино дизел гориво за земјоделски потреби, мерка која беше на сила повеќе од 70 години. Откако ова наиде на остри реакции кај земјоделците, Берлин ретерираше и кажа дека немало одеднаш да се укинат олеснувањата туку постепено.
Дополнително Владата најави и укинување на даночните олеснувања кои ги имаа Германските земјоделци при купувањето на земјоделска механизација односно трактори. Протестите на земјоделците ги подржаа и камионџиите