Објавени јавен повик за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша 4 јавни повици за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари. При што земјоделците ќе имаат можност самите да аплицираат за земјиште во нивната околина кое е слободно, односно не е во моментот веќе дадено под концесија на друго лице/земјоделец.

Јавните повици се објавени на страната на министерството и може да ги погледне секој заинтересиран земјоделец, како и да ги види и превземе сите потребните документи и обрасци за да може да достави валидна понуда на јавниот повик.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

  • подигнување долгогодишни насади (лозја, овоштарници) за период до 30 години
  • подигнување на насади од лешник за период до 70 години
  • подигнување на маслинарници за период до 50 години
  • одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства до 15 години
  • ливади за период до 15 години
  • за одгледување на брзорастечки дрва на земјиште кое се наоѓа над 700 метри, за период до 3о години
  • – рибници до 20 години

Оддалеченоста на местото на живеење е еден од главните критериуми при бодувањето за кој се добива дури 65 бодови, останатите критериуми кои носат бодови се – понудена годишна закупнина 25 бодови и правен статус на понудувачот 10 бодови.

Јавното отварање на понудите ќе се одржи на ден 09.02.2024 (Петок) со почеток од 10 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе те интересира

СЛЕДЕТЕ НЕ

0FansLike

ПОПУЛАРНО