Греено вино – идеален пијалок, за овие зимски ладни денови

Греено вино е идеален пијалок за овие ладни зимски денови, покрај тоа што одлично ќе ве стопли – грееното вино позитивно влијае и врз вашето здравје.

Црвеното вино е богато со антиоксиданси и помага на вашето срце и крвни садови, го зголемува либидото и забрзува метаболизмот, а особено е ефикасно при превенцијата и лекувањето на настинки кои се доста често во овој период од годината.

Рецептот за греено вино е следен

  • Црвено вино (1 литар)
  • 200-250мл вода
  • По еден исецкан лимон и портокал
  • 2-3 стапчиња цимет
  • Пола лажичка ванила
  • И 7-8 стапчиња каранфилче

Виното се става во тенџере заедно со водата да се вари на тивок оган, потоа се додаваат останатите состојки и пред да зоврие се трга од рингла. Потоа сервирате и уживате во овие ладни зимски денови 🙂

Можеби ќе те интересира

СЛЕДЕТЕ НЕ

0FansLike

ПОПУЛАРНО