Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски гостувајки во емисијата Аграр најави нови мерки и субвенции по истите во 2024 година. Па во целост ви ги пренесуваме објавените мерки во горенаведената емисија..
- Зголемување од 50% на 100% за зелена нафта
- Воведување нова мерка субвенција од 6000 денари по хектар за секој тутунопроизводителите
- Субвенционирање за косење и одржување на ливадите од 6.000 денари по хектар
- Дополнителни субвенции за производство на грозје со висок квалитет за добивање на високо квалитетни вина со износ од 40.000 денари по хектар, кои заедно со основните 20.000 денари по хектар вкупно би изнесувале 60.000 денари по хектар
- За сточарите зголемување на субвенции за заклано јагне и јаре од 400 денари на 1.000 денари
- Зголемување од 4.000 ден на 12.000 ден за крави над 12 месеци.
- Со автохтоната сорта Станушина во моментот кај 400 лозари се засадени околу 500 хектари, со што на директните субвенции лозарите ќе добијат дополнителни 5.000 денари по хектар или вкупно само за ова мерка би се издвоиле дополнително 2.500.000 денари од буџетот на министерството
- Исто така за прв пат воведуваме една мерка која се однесува на корисници на ливади и тоа ливади кои ги користат за напасување на добиток и секако косење и одржување на ливадите
- И последна мерка е зголемување на плата за овчари од 360.000 денари на овчар на 620.000, каде се трга критериумот над 700 метри надморска висина